Прототипови
Мега 3 ЕРП
Во што е MEGA 3 ERP софтверот подобар и посупериорен во однос на сличните производи од домашни фирми?
Додека конкуренските компании имаат основни генератори на извештаи со основни табеларни и drill down извештаи MEGA 3 ERP поседува комплетен Report Management System со огромни можности и нулта администрација. Тоа значи дека дефинициите на извештаите се чуваат во базата на податоци и веднаш после дефинирањето на извештајот тој е достапен до сите групи на оператори кои имаат дозвола за негово користење. Исто така овоозможна е комплетна локализација во однос на јазикот на извештајот. Овозможено е креирање на табеларни извештаи, пивот табели, извештаи со специјален дизајн и графички извештаи.
Во сите фази на развојот на апликацијата користена е најновата Microsoft – технологија за развој на апликации со оптимизиран пристап на бази на податоци. Најновата технологија покрај другото ни овозможува спојување на нашите апликации со ГИС системи и користење на 2D објекти со метрички или сферни геогравски координатни системи. Рзвојни алатки Microsoft – Visual Studio.NET 2008/2010 База на податоци Microsoft – SQL Server 2005/2008 Технологија за пристап на Базата на податоци LINQ (Language Integrated Query)
Нашата прва Windows апликација е изработена во 1995 година со Microsoft – SQL Server База на податоци. Од тогаш па до сега имаме стекнато огромно искуство во апликациите кои користат вистински бази на податоци. Скоро сите конкурентски фирми во Македонија развиваа софтвер со Аccess база на податоци, па дури и сега, кај нив, потребно е за секој клиент да се купува MS Access лиценца и да се инсталира MS Access за да нивната апликација може да се користи. Тоа доведува до зголемени трошоци на Корисникот за лиценцирање на софтверот, како и до драстични падови на перформансите на апликацијата.
Наместо да го убедуваме Корисникот дека нашето решение е најдобро и дека тој секогаш треба да се прилагоди на производот што го нудиме, или да бараме големи доплати за било какви измени во софтверот, во многу ситуации имаме воља и желба специфични бизнис процеси да ги имплементирам тотално спрема “вкусот” и барањата на корисникот.
Во неколку области имаме развиенот модули што се специјализирани за одредени бизнис гранки. Billing System – Модул кој се употребува во јавни претпријатија за наплата на разни типови на сметки и фактури како Водовод, Нискоградба, Комунални претпријатија. Модул за тужби и опомени – Овозможува ефикасно правење на опомени тужби пресметка на камати и спогодби за плаќање. Модул за односи со корисници – Овозможува комплетно пратење на барања на корисници за разни интервенции сервиси, делегирање на одговорноста за нивно извршување на одредени вработени како и пратење на степенот на извршеност на сервисот или услугата. Модул за работни налози Специјален модул за евиденција и калкулација на работни налози за печатници
Галерија
Инсталирани Решенија
- Апликативен софтвер за Дистрибуција на производи Табак Гросист - Битола 1
- Апликативен софтвер за Хотелско работење Хотел Епинал - Битола 2
- Апликативен софтвер за евиденција на производни процеси ФОД дооел - Новаци
- Апликативен софтвер за Библиотеки American Corner in Bitola
- Farm Monitoring System - софтвер за евиденција на фарма Агенција за развој на Земјоделието на РМ
- Апликативен софтвер за ресторани Ресторан - Корзо - Битола