Модул DYNAMIC REPORTS

Софтверскиот пакет губи многу од својата вредност доколку не содржи моќен генератор на извештаи. Во пракса секогаш е потребна можност за брзо и едноставно креирање на сложени извештаи. Dynamic Reports модулот претставува круна на целиот ERP затоа што претставува комплетен менаџмент систем за извештаи.

  • Четири типови поддржани извештаи (Табеларни, Пивот, Извештаи креирани со Report Designer и Графички извештаи си широка лепеза на типови на графикони).
  • Автоматско креирање на форми за внесување на параметри на извештајот.
  • Автоматско креирање на пребарувања на параметри за извештајот.
  • Целокупна контрола на јазикот и насловите на колоните на извештајот.
  • Неограничена хиерархија на групи и подгрупи на податоци.
  • Неограничени можности за сортирање, групирање, филтрирање на податоци.
  • Избор на колони кои ќе бидат прикажани или нема да бидат прикажани во извештајот.
  • Автоматско вметнување на зависности и филтри при задавањето на параметри на извештајот.
  • Лесно прилагодување на форматот на извештајот.
  • Лесни измени и снимање на дизајнот на извештајот или генерирање на нов извештај.
  • Користење на податоци од локален или далечински сервер.
  • Менаџирање на групи на корисници со специјфични права на пристап на генерираните извештаи.
  • Нема потреба за копирање на фајлови од извештаи низ мрежата.
  • Моќен генератор на Пивот табели со Drill Down можности.
  • Нулта администрација на целиот систем.
  • Пристап на податоците преку интернет

Галерија